Рома му нуди на Ибрахимовиќ 14 милиони евра

Италијанскиот фудбалски клуб Рома испрати понуда до Златан Ибрахимовиќ во висина од 14 милиони евра за двегодишен договор.

Интерес за Ибрахимовиќ покажуваат и Милан и Манчестер Јунајтед, но за разлика од нив, Рома е со шанси да обезбеди учеството во Лигата на шампионите.

Минатата сезона напаѓачот на „римската волчица“ Един Џеко не ги задоволи очекувањата на навивачите и раководството на клубот, па сега се бара нов играч од нападот, а прва опција е сега веќе поранешниот шведски репрезентативец.