Рома на мускули, виолетов пекол за Милан

Премиерниот натпревар од вонредното, 30-тото коло од италијанската Серија А, дуелот на „Олимпико”, помеѓу екипите на Рома и Торино заврши со минимален триумф на римската „волчица” од 2:1.

Домаќинот дојде во водство со погодокот на Матиа Дестро, на 1:1 израмни Чиро Имобиле, а погодокот вредем три бода, постигнат во судиското продолжение беше дело на Алесандро Флоренци.

Кога се во прашање денешните натпревари, убедливо наголема неизвесност и борба до последниот свиреж се ожекува на дуелот помеѓу екипите на Фиорентина и Милан, а обврска да слават на тешкото гостување во Катанија имаат фудбалерите на Наполи.

Според последните информации кои пристигнуваат од Италија, поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев најверојатно ќе добие шанса да настапи од првата минута.

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус важи за голем фаворит во дуелот против гостинскиот тим на Парма.

Денеска на програмата: Аталанта – Ливорно, Калјари – Верона, Катанија – Наполи, Киево – Болоња, Фиорентина – Милан, Џенова – Лацио, Јувентус – Парма, Сасуоло – Сампдорија.