Рома не смее да киксне на гостувањето во Верона

Денеска ќе се одиграат првите два натпревара од 29. коло во италијанската Серија А.Моментално, второпласираниот тим на табелата, Рома, има обврска да забележи триумф на незгодното гостување во Верона, каде за противник ќе го имаат тимот на Киево.

Предводникот на римската “волчица”, Руди Гарсија пред натпреварот изјави дека за неговиот тим трите бода се императив и дека очекува истите да бидат освоени со убедлива игра во двете полувремиња.
“Завршивме со приказната за “скудетото”, сега сме фокусирани само на втората позиција на табелата. Знаеме колкава е важноста на втората позиција. Со тоа што го прикажавме во актуелната сезона, Рома заслужува директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Се е во нашите раце, ние сме господари на нашата судбина. Киево заслужува максимален респект, но ако ја сакаме втората позиција, тогаш Рома мора да слави на ова гостување, мора да слави со убедлива игра во сите 90 минути”, изјави Гарсија.

Фаворитската улога нема да постои на вториот денешен натпревар, дуелот помеѓу екипите на Торино и Ливорно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.