Рома совладана дома од Наполи

Во вториот дерби натпревар од 8-то коло на италијанското фудбалско првенство, Наполи славеше на „Олимпико“ против Рома со 1:0, со што наполитнаците останаа на чело на табелата без ниеден загубен бод.

Погодокот за вредната победа на гостински терен го постигна Лоренцо Инсиње во 20 минута.

Претходно во саботата Лацио во Торино го изненади актуелниот шампион Јувентус со 2:1, со што ја прекина двегодишната низа од непобедивост на „Старата дама“ на нејзиниот стадион.

На табелата води Наполи со максимални 24 бодови, Јувентус е втор со 19 а Рома е трета со 15 бодови.