Рома тера по старо, градско дерби во Торино

Единствениот саботен натпревар од 25. коло во италијанската Серија А, дуелот помеѓу екипите на Болоња и Рома заврши со минимален триумф на готинот од Рим.Погодокот вреден три бода, постигнат во 37 минута беше дело на репрезентативецот на Белгија, Раџа Најголанд.

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус денеска има обврска да забележи позитивен резултат во дуелот против градскиот ривал, екипата на Торино.

Најголема борба и најголема неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува во Џенова, каде гостинот од Милано, тимот на Милан, без помошта на најголемата ѕвезда, Марио Балотели, ќе се обиде да забележи позитивен резултат во дуелот против домашниот тим на Сампдорија.
Денеска на програмата: Ливорно – Верона, Киево – Катанија, Интер – Калјари, Сампдорија – Милан, Удинезе – Аталната, Јувентус – Торино, Лацио – Сасуоло.