Сите - Македонија,ТОП

Роман Шолц: Македонците се еден од најретките народи во светот со најстар ген

Роман Шолц: Македонците се еден од најретките народи во светот со најстар ген

Македонците се еден од најретките народи во светот со традиција на постоење, вели Роман Шолц, директорот на Швајцарскиот институт за атропологија и ДНК – ИГЕНЕА за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ, по повод 2073 роденденот на македонскиот цар Александар Македонски.

Првиот човек на Швајцарскиот институт ИГЕНЕА, како најугледен светски научен истражувачки антрополошки центар којшто користи современи научни методи, потврди во разговорот дека Македонците се нација која го има најстариот ген.

„Постојат многу различни антички племиња, како што се Келтите, Словените, Германските народи, Илирите и така натаму, кои можеме да ги разликуваме. Меѓутоа, само неколку модерни нации се уште го носат името и традицијата на античко племе. Иако Македонија не е единствената нација со таква традиција, таа е доста ретка„, потенцира Шолц.

Во интервјуто за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ, антропологот Роман Шолц, на прашањето: Дали ДНК анализата е релевантна за нациите кои се вештачки формирани за туѓи и други интереси на големите сили за нивните сфери на влијание во некои простори?

„Може да биде релевантно. Многу вештачки нации, како што ги нарекувате, се распаднаа и овој процес на одвојување честопати беше придружуван со војна, како во Југославија. Сепак, ДНК резултатите може да покажат, дека луѓето од ‘вештачките нации’ имаат повеќе заедничко отколку што мислат, но исто така може да покажат, дека различните делови на една нација не се само одвоени со јазикот, религијата или културата, туку и со генетиката“, објаснува првиот човек на ИГЕНЕА.

На прашањето дали посоченото истражување предизвика реакции во официјална Атина, бидејќи грчката политичка историја „тврди“ дека Грците се наследници на античките Македонци, Всушност, за Атина важи правилото „Грк е секој христијанин“ и затоа сите во Грција се Грци, односно Грците се крстените, а некрстените се Турците или муслиманите, првиот човек на Швајцарскиот институт со категоричен одговор:

„Немаше реакција од некое службено лице колку што знаеме. Се разбира, немаме сознание за изјави во грчките медиуми, затоа исклучувам дека грчките политичари дале изјави за нашите публикации“, вели Шолц.

И на крајот на антропологот му беше поставено прашањето што мисли  како прв човек на ИГЕНЕА за ДНК-мапата на балканските народи по распаѓањето на поранешната СФР Југославија, Бугарија, Грција, Албанија и Турција, на што  Шолц комнетираше:

„Тешко е тоа да се каже. Сите европски нации, на Балканот, како и во другите региони, имаат генетски врски со своите соседи, дури и кога генетски може да ги разликуваме. Кога извлекуваме генетски мапи, понекогаш може да видиме дека границите меѓу областите на различни мнозинства на одредени профили денес, се совпаѓаат со политичките граници“, заклучи Роман Шолц директор на Швајцарскиот институт за атропологија и ДНК – ИГЕНЕА.