Романци направиле мост од пластични шишиња

Романци изградија мост од пластични шишиња во знак на протест против загадувањето на животната средина со овој вид отпад.

Оваа подвижна колоритна платформа со должина од 23 метри е направена од 157.000 пластични шишиња и според иницијаторот на проектот, претставува најголемата ваква конструкција во светот.

1406131590-the-biggest-plastic-bottle-bridge-in-the-world_5344932-520x346

Мостот ќе им овозможи на пешаците да минуват преку канал во центарот на градот.

Експертите од Гинисовата книга на рекорди подоцна треба да одлучат дали

Шишињата искористени за изградба на мостот биле собрани во период од два месеци, а потоа за еден месец 500 волонтери ги споиле со жица и го направиле мостот. На мостот, кој ќе стои две недели, ќе се одржуваат и концерти.