Романци приведени за грабеж на златара во Охрид

Романци приведени за грабеж на златара во Охрид. Во понеделникот во 20.00 часот на граничниот премин Табановце поради сомнение дека извршиле кражба на златара во Охрид приведени се лицата М.Ц., Л.А. (25), М.Ц. (58) и М.Ф. (67), сите од Романија.

Како што информира МВР, при преглед кај Л.А. биле пронајдени три златни ланчиња, додека при претрес  на нивниот автомобил „Форд“ со германска регистарска ознака пронајден е и останатиот златен накит.

Во 21.30 часот со потврда за предавање, лицата и предметите се предадени на инспектори од СВР Куманово за понатамошна постапка.