Романците ги потиснаа Ирците и Индијците на списокот најбројни небритански заедници во Британија

Романците станаа втората најбројна небританска групација којашто живее во Велика Британија, објави во четвртокот британскиот јавен сервис BBC.

Според британскиот државен завод за статистика, бројот на Романците скокнал за 25 отсто во периодот меѓу 2016 и 2017 година, достигнувајќи 411.000 луѓе.

Од 65.176.000 жители на Велика Британија, 6,2 милиони биле небританци, за 4 отсто повеќе отколку пред помалку од две години. Бројот на жители родени надвор од Британија пораснал за 3 проценти од 2016 година и денеска ги има 9,4 милиони. Податоците покажуваат дека 61 отсто од нив, или 3,8 милиони доаѓаат од земјите членки на Европската унија. Поради тоа, владата во Лондон си постави цел да ја намали имиграцијата под 100.000 лица годишно, пишува BBC.

Полјаците и натаму се најголемата група во оваа категорија, со околу милиони Полјаци кои живеат во Велика Британија. По Романците третото место го заземаа Ирците, коишто ги има 350.000. Со 346.000 Индијци, оваа етничка заедница падна на четвртото место, коешто порано го држеа Романците.

Небританската популација, која ги вклучува оние кои се родени во странство или не се Британци по националност, се зголемувала секоја година откако статистичкото биро во 2004 година ги објавува ваквите извештаи, наведува BBC.