Свет

Романија е подготвена да прифати 3.500 бегалци од Украина

Романија е подготвена да прифати 3.500 бегалци од Украина

Романскиот претседател Трајан Башеску истакна дека Букурешт е подготвен да им помогне на Украинците кои настрадале при масовните немири во Украина, пренесоа локалните медиуми.

Според романскиот претседател Трајан Башеску, дестабилизација во Украина и нејзините последици ќе се почувствуваат низ цела Европа.

Според него главна тема на денешниот Совет на Европската унија за надворешна политика во Брисел ќе биде ситуацијата во Украина, а Романија ќе се согласи со воведувањето на санкции во однос на лицата кои се одговорни за употребата на сила во Киев.