Романија може да биде клучна точка за поврзување на енергетскиот пазар

Ако ја модернизира енергетската инфраструктура, Романија може да стане клучна точка за поврзување на енергетските пазари од Црното Море до Централна и Источна Европа, рече американскиот потпретседател Џо Бајден во разговорот кој го имаше со романскиот премиер, Виктор Понта.

„Националната безбедност и енергетската сигурност се нераздвојни во овој дел на светот, а европскиот енергетски пазар треба да биде сигурен“, рече Бајден.

Бајден додаде дека САД е подготвена да и помогне на Романија да ги развие нафотводите за транспорт на нафтените производи. Тој, исто така додаде дека Романија за да привлече странски инвеститори, потребно е да ја зацврсти правната регулатива.