Романија на Црно Море пресретна над 200 имигранти

Романската крајбрежна стража пресретнала на Црното Море две бротчиња со повеќе од 200 имигранти, еден го спровела до романското пристаниште Мангалија,додека другиот го преземале турските власти, соопшти во саботата граничната полиција.

Рибарски брод со 97 имигранти, Иранци и Ирачани, е забележан во саботата утрото илјада поморски милји од романско-бугарската граница.

Ова е четврти брод со имигранти кои ги пресретнаа романските власти во водите на Црното Море од средината на август.

Вториот сомнителен рибарски брод кој се движел кон романските територијални води бил забележан во петокот ноќта, а превезувал околу 120 лица, според романската погранична полиција. Романската крајбрежна стража го задржала до пристигнувањето на турските колеги кои го преземале.

Романија досега беше главно поштедена од имигрантската криза но се стравува дека Црното Море може да стане алтернативна рута за оние коишто се обидуваат да дојдат до богатите западни земји во Европската унија.