Романија нема да дозволи отварање нови миграциски маршрути, вклучувајќи преку Црното Море

– Романија располага со современ систем за набљудување и контрола во Црното Море СЦОМАР, кој овозможува откривање на секаков вид незаконска дејност. Тоа и овозможува на земјата да им достави квалитетна анализа на нејзините партнери, изјави Тоба.

Тој посочи дека романското Министерство за внатрешни работи е заинтересирано за развој на соработката со земјите партнери од Црноморскиот регион по прашања за безбедноста.

За време на посетата на грузискиот министер за внатрешни работи на Романија беше потпишана заедничка изјава, согласно која Романија ќе и пружи поддршка на европската интеграција на Грузија, како и во реформите на грузиското МВР со цел забрзување на процесот на приближување на земјата кон ЕУ.