Романија:Петмина повредени во експлозија во фабрика (ВИДЕО)

Романија:Петмина повредени во експлозија во фабрика
Романија:Петмина повредени во експлозија во фабрика

Најмалку петмина работници се повредени синоќа при експлозија во фабрика за производство на леб во романскиот град Брашов.

Како што соопшти портпаролот на Градската управа за вонредни состојби, Киприан Сфержа, петмина од повредените работници се здобиле со изгореници и се пренесени во болница во свесна состојба.

Шестиот работник, кој бил отфрлен од ударниот бран на експлозијата, се здобил со посериозно повреди. – Тој е жив, но во бесознание е пренесен во болница, додаде Сфержа.

Причините за експлозијата, по која во фабриката избувнал и пожар, засега не се познати. Од силината на експлозијата дел од објектот на фабриката е разурнат.

Фабриката се наоѓа во близина на градскиот фудбалски стадион, каде во моментот на експлозијата се играл натпревар од Втората романска фудбалска лига, меѓу локалниот клуб Брашов и ЦСМ Рамнику.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.