Романија погодена од обилни дождови и бури

Обилните дождови и бури предизвикаа проблеми во различни реони на Романија. Во дел од земјата е прогласен жолт аларм поради дождовите, а во низа реони портокалов аларм поради опасни метоеролошки појави.

Бурите синоќа предизвикаа поплави во неколку места во источниот романски округ Констанца.

Во градот Констанца неколку улици беа поплавени, а ветерот собори неколку дрвја. Само за еден час во Констанца наврнале 35 литри дожд на метар квадратен.

Поплави имало и во западниот град Арад, каде во централните делови, нивото на водата изнесувала над 50 сантиметри. Метеоролозите за денеска предвидуваат нови обилни дождови, грмотевици и силен ветер.

Портокалов аларм е прогласен во окрузите Баку, Васлуј, Вранча, Галац, Тулча, Браила и Бузу, како и во планинските реони на окрузите Прахова, Дамбовица. Арджеш. Валча и Горж. Се предвидува дека во планините би можело да наврнат од 60 до 80 литри дожд на метар квадратен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.