Романија се соочува со недостиг од лекари

Романскиот министер за здравство Флориан Богод

Романскиот министер за здравство Флориан Богод признава дека во Романија постои криза поради недоволен број лекари.
Романија е исправена пред криза со лекарите, изјавил Богод, дополнувајќи дека бројот на лица кои заминале на специјализација во други земји достигнал до 12.000, пренесува агенцијата Agerpres.

„Најголем проблем имаме во областа на анестезијата, интензивната терапија. Одлуката е да ги доведеме во земјата, да ги зачуваме во земјата“, навел Богод нагласувајќи дека кризата со медицински персонал е посебно изразена во градовите во коишто нема универзитетски центри, односно во малите градови и малите болници.

Според министерката за труд Олгуца Василеску, со усвојувањето на законот за единствено плаќање, во 2018 година платите во медицината ќе достигнат до 3.600 евра.

На тој начин висината на платите ќе достигне до 70 отсто од нивото на платите во Европската унија, и се претпоставува сека романските лекари повеќе нема да ја напуштаат земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.