Романија: Спречен влез на 60 мигранти од Србија

Романските гранични служби соопштија дека спречиле група од 60 мигранти, кои се обиделе илегално да преминат во Романија од Србија, пренесува МИА.

Портпаролката на полицијата денеска соопшти дека мигрантите биле мажи на возраст од 20 до 40 години, во најголем дел од Пакистан, Ирак, Авганистан, Сомалија и Мароко.

ФОТО: Танјуг
ФОТО: Танјуг

Мигрантите се уапсени рано утринава од пограничните власти и задржани на сослушување.

Минатата година мигранти и бегалци во повеќето случаи ја избегнуваа Романија на патот кон Западна Европа. Овој инцидент е прв таков случај со голема група мигранти, кои се обиделе незаконски да влезат во Романија.