Магазин

Романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли објавен во Црна Гора

Романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли објавен во Црна Гора

Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, добитник на наградата Роман на годината на „Утрински весник“ (за 2009) и македонски кандидат за наградата „Балканика“ (2010), неодамна излезе од печат во издание на реномираното црногорско книгоиздателството ОКФ („Отворен културен форум“) од Цетиње. Црногорската објавата на македонскиот роман се појавува под насловот „XXI: книга на фантазми“, во превод на Марина Ѓуровиќ-Маркоска. Еден мал, репрезентативен дел од првиот тираж бил отпечатен кон почетокот на март годинава, за потребите на црногорското претставување на реномираниот меѓународен саем на книгата во Лајпциг на кој биле презентирани и промовирани неколку нови изданија на цетињското книгоиздателство ОКФ, меѓу нив и романот на нашиот автор. Сега романот се објавува во својот комплетен тираж.

Инаку како вовед кон овој издавачки зафат оставрен по иницијатива од претседателот на Здружението на македонско-црногорското пријателство Мирослав Орландиќ, црногорскиот издавач „Отворен културен форум“ пред неколку години објави одломки од наградениот роман на Османли во превод на проф. Ненад Вујадиновиќ, ставајќи го македонскиот автор во фоклусот на во едно од своите изданија, реномираното списание на уметност и литература „Арс“  што е инаку практика за секој негов број.

Романот на нашиот автор, минатата година ја доби, и сега се појавува како резултат на финансиската поддршка на Министерството за култура на Црна Гора.

Инаку романот на Османли во септември 2012 година беше промовиран во Загреб во издание кое во Хрватска го привлече вниманието на читателите и на тамошната книжевна критиката, добивајќи повеќе изазито позитивни критички одгласи во различни медиуми. Тоа издание беше повод и за получасовното интервју кое критичарот на Радио Белград Саша Ќириќ неодамна го реализираше со нашиот автор на Втората програма на радио Белград во рамките на емисијата „Окото на Балканот“.