Романската влада го преживеа гласањето за недоверба

Романската влада на социјалдеморатите во четвртокот очекувано го преживеа гласањето за недоверба, додека илјадници антивалдини демонстранти се собраа пред зградата на парламентот.

Центристичката опозиција којашто го иницираше гласњето за недоверба ја обвини бладејачката партија дека во текот на минатогодишната изборна кампања ги измамила гласачите кога ветила раст на платите и даночни кастреа, а наместо тоа „воведе голем хаос во клучните области, од здравството до образованието, даноците, правосудството и инфраструктурата“.

Владата пред гласањето ги зголеми пензиите и платите во јавниот сектор, и намали некои од даноците, што доведе до висок раст на потрошувачкта, но ги запре инвестициите во романската економијата којашто е меѓу најнеразвените во Европската унија.

Романската економија во третиот квартал на годишни ниво растела за 8,8 отсто, што е најбрзо во ЕУ, но нејзините трговски и буџетски дефицитеи растат со зголемувањето на каматите.

Во четвртокот 159 пратеници гласале за пад на владата, но за тоа беа потребни 233 гласови. Социјалдемократите и нивниот коалициски партнер ALDE го напуштија парламентот во текот на гласањето.

„Вие тврдите дека нашата програма, за којашто гласаа милиони Романци, е илузија. Доколку мислите дека економскиот раст од 8,8 отсто е илузија, тогаш живеете во светот на сништата“, порача премиерот Михаи Тудосе.

Фискалните и правосудните реформи доминираат во активностите на социјалдемократскат влаа откако стапи на власт во декември минатата година.

Во четвртокот пред парламентот во Букурешт се собраа неколку илјади демонстранти кои бараа оставка од премиерот Тудосе и од челникот на социјалдемократите Ливиу Драгнеа.

Против Драгнеа овој месец беше покрената истрага поради сомневања дека организирал „криминална група“ за да зема пари од државните проекти од кои некои биле финансирани од ЕУ.