четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 49

Романската Влада ја повлекува спорната уредба, протестите продолжуваат – сакаме и оставка!

И покрај одлуката за повлекување на уредбата, демонстрантите и синоќа на улиците на Букурешт и другите романски градови продолжија со протестите, при што во престолнината се собраа околу 170.000 луѓе.

romanija

Поврзани вести

Владата на Романија на денешната седница и официјално ќе ја укине спорната уредба со која се декриминализираа многу случаи на корупција и заради која беа почнати демонстрации ширум земјата.

Во прашање е уредбата со која се намалува казната за корупција, што многу политичари може да ги ослободи од кривичен прогон.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану, по објавувањето на одлуката за повлекување на спорната уредба, изјави дека не сака поделби во земјата, како и дека одговорноста за конфузијата што  таа ја предизвика во јавноста, ја сноси министерот за правда.

-Не сакам поделби. Романија не може да биде преполовена. Романија сега изгледа како да е поделена на два, а можеби и повеќе делови. Таквата ситуација е последното нешто што го посакувам, нагласи тој, додека  на улиците од престолнината илјадници луѓе со олеснување ја дочекаа одлуката.

Премиерот оцени дека сите аргументи во прилог на оваа уредба не беа добро претставени во јавноста, наведува агенцијата Аџерпрес.

-Од таа причина и настана големата конфузија, а имаше и многу искривено толкување, рече Гриндеану во седиштето на романската Влада, во Палатата Викторија.

За тоа, како што наведе, Министерството и министерот за правда ќе сносат и ја сносат сета одговорност.

И покрај одлуката за повлекување на уредбата, демонстрантите и синоќа на улиците на Букурешт и другите романски градови продолжија со протестите, при што во престолнината се собраа околу 170.000 луѓе.

Тие извикуваа пароли „Оставка, оставка“ и мафтаа со романските знамиња.

Протестите беа организирани и во околу 70 градови ширум Романија, а на нив, според проценките на полицијата, имаше собрано околу 330.000 лица.

Најчитани вести