Романски Казанова на сопствениот погреб ги изненадил своите 40 девојки

Младиот 24-годишен Даниел Деку починал, по што се чекале резултатите од аутопсијата, кои шокираа и испаничија 40 негови љубовнички.

Речиси никој не знаел дека 24 годишниот Даниел Деку има СИДА се до неговата смрт и аутопсијата која била извршена да се утврди причината за смртта.

На неговиот погреб дошле голем број на девојки меѓу кои Даниел бил навистина популарен – и таму дознале од што починал. Во паника тие сега ги чекаат резултатите од анализите – дали се заразени…

Десетици девојки и жени од југоисточниот романски град Сегарцеа кои паднале на шармот на Даниел сега се плашат за својот живот.

Даниел ненадејно починал и голем дел од неговите љубовници биле на неговиот погреб, но таму ги чекало шокантно изненадување – дознале дека Даниел имал СИДА.

Докторот на Даниел Корнел Станциу знаел дека тој е ХИВ позитивен, и кога дознал дека Даниел имал врска и со неговата ќерка, сакал да обелодени од каква болест боледува младиот заводник.

Но кога мајка му на Даниел дознала што сака да направи докторот, му се заканила со тужба!

– Знаев дека Даниел има многу пријателки, но не можев да сторам ништо во врска со тоа – вели докторот.

Дури 40 жени сега чекаат на резултати од анализите – дали Даниел ги заразил со ХИВ. До сега две се потврдени како ХИВ позитивни.

Според романските закони, оној кој знае дека има СИДА и намерно ја шири може да биде казнет со затвор од 5 до 15 години. Не постои обврска да се информира партнерот за состојбата, но постои задолжение да се практикува безбеден секс.

Даниел не може да биде казнет, но покрената е истрага против оние кои знаеле за неговата болест и не презеле ништо против ширењето на болеста – како неговата мајка и семејството.

– Мајката на момчето е виновна за ужасната ситуација во која се наоѓаме – вели Николае Попа, градоначалник на Сегарцеа.