Свет

Романски пратеници штрајкуваат со глад

Романски пратеници штрајкуваат со глад

Петнаесет романски пратеници штрајуваат со глад во знак на незадоволство поради понижувањето на Романците во странство, како и поради високите такси за дипломатски услуги.

Тие се приклучија на нивниот колега кој започнал да штрајкува со глад уште минатата недела.

Пратениците од Комисијата за романските заедници надвор од границите на земјата се жалат исто така дека на овој проблем внимание не му посветуваат ниту Министерството за надворешни работи, ниту Владата, ниту раководството на Претставничкиот дом.

Независниот пратеник Аурелиан Михај, кој веќе осми ден штрајкува со глад, изјави денеска дека ќе го напушти Парламентот и ќе замине во болница, бидејќи не се чувствува добро.