Романски тенисер суспендиран поради обложување

Дваесет и едногодишниот романски тенисер Мариуш Фроса е суспендиран на осум месеци поради нелегално обложување.

Фроса, покрај тоа, ќе ора да олати и глоба од илјада амаерикански долари.

Одделот за веродостојност во тенисот (TIU) утврдила дека романскиот тенисер во периодот меѓу јули 2014 и јуни 2015 година 12 пати се обложил на тениски натпревари. Меѓутоа, не се обложувал на мечевите во кои играл самиот тој.

Фроса моментално се наоѓа на 2.000-то место на АТП листата и никогаш не настапувал на АТП турнирите, туку играл на челинџери.