Романскиот експериментален филм „Не допирај ме“ изненадувачки победник на годинешното Берлинале

Главната награда Златна мечка за најдобар филм на 68-то Берлинале му е доделена на романскиот филм „Не допирај ме“ (Touch me not) на режисерката Адина Пинтилие, соопшти о саботата жирито на една од највлијателните филмски смотри во светот.

Филмот „Touch me not“ е заеднички проект на кинематографи од Романија, Германија, Чешка, Бугарија и Франција, а станува збор за експериментален филмски проект кој ја доби награда и за најдобар дебитантски филм на Берлиналето.

„Не го очекувавме ова, но наградата ни е многу важна“, рече Пинтилие.

Претседателот на годинешното жиро, германскиот режисер Тоим Тикер пред прогласувањето на победникот изјави дека жирито оваа година не го прогласи најдобриот филм „според актуелните синеастички критериуми, туку според тоа на каде филмот оди“.

Големата награда на жирито ја доби филмот „Шолја“ (Twarz) на режисерката Малгоржата Шумовска. Себрената мечка за најдобра режија ја доби американскиот режисер Вес Андерсон за анимираниот филм „Остров на кучиња“ (Isle of Dogs), а наградата Алфред Бауер за филм кој отвора нови перспективи ја доби Марсело Мартинеси за филмот „Наследнички“(Las herederas).

Наградата за најдобар актер ја доби Французинот Антони Бажон, кој игра тинејџер наркозависник во драмата „Молитва“(La priere) на режисерот Седрик Кан, додека признанието за најдобра женска улога ѝ беше доделена на 68-годишната Ана Брун во парагвајско-уругвајската копродукција „Наследнички“.

Наградата за на жирито за најдобро сценарио го добија Мануел Алкала и Алонсо Руизпаласиос за мексиканскиот фил, „Музеј“. Сребрената мечка за извонреден уметнички придонес го доби Русинката Елена Окопнај за костимиграфијата и продукцискиот дизајн на руско-полско-спрската копродукција „Довлатов“.

Одлуката на главното жири е изненадувачка и потполно се разликува од изборот на филмските критичари кои го следеа годинешното Берлинаре и чиишто фаворити беа филмовите „Довлатов“ и германската продукција „Транзит“, додека победникот во текот на фестивалот многу негативно беше оценет, меѓу другото и поради честите, според оцената на критиката, непотребни експлицитни сексуални сцени. „Не допирај ме“, инаку, ги следи искуствата на една жена којашто минува низ различни сексуални терапии.

Годинешниот филмски фестивал во Берлин завршува во неделата со денот традиционално резервиран за широката публика. Годинава на Берлинале беа прикажани 400-ини филмови во неколку главни програми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.