Балкан

Романските социјалдемократи побараa оставка од нивниот премиер

Романските социјалдемократи побараa оставка од нивниот премиер

Романските владејачки социјалдемократи во неделата поднесоа барање во парламентот за гласање недоверба за нивниот премиер Сорин Гриндеану, што претставува ескалација на судирот за кој аналитичарите велат дека ги рефлектира внатрешните судири околу законот против корупцијата.

Пратениците на романската Социјалдемократска партија (PSD) и нивните коалициски партии минатата среда му ја откажаа поддршката на 43-годишниот премиер Сорин Гриндеану, тврдејќи дека не успеал да ја имплементира политичката програма на PSD откако партијата победи на парламентарните избори минатиот декември.

Гриндеану одби да даде оставка, па беше исклучен од партијата откако во неа мина 21 година. PSD заедно со коалицијата има доволно гласови да изгласа недоверба, кога во среда ова барање ќе биде ставено на дневниот ред во парламентот. За изгласување недоверба неопходни се 233 гласа, а SDP и Алијансата на либералите и демократите (ALDE) располагаат заедно со 247 мандати. Но будејќи гласањето е тајно, резултатот е неизвесен, а се очекува дека ќе биде на дневен ред на 21 јуни

Независните политички коментатори сметаат дека PSD најверојатно е незадоволна од неуспехот на Гриндеану со ублажување на антикорупцискиот закон претходно годинава, како и дека сакаат да го симнат од себеси неговиот товар за да осигурат некој друг премиер да ги заштити партиските припадници кои очекуваат обвиненија за корупција.

Романија е една од најкорумпираните членки на Европската унија, па нејзиниот правосуден систем во 2007 година е ставена под посебно набљудување на Брисел.

„Отстранувањето на Гринденау ми изгледа како обид на владејачката коалиција повторно да се обиде да ја ослабе борбата против корупцијата“, истакнува за AFP коментаторот Мирчеа Мариан.

Во прашање се доведува иднината на челникот на PSD, Ливиу Драгнеа, кој доби двегодишна суспензија поради местење на гласовите, и против него се води одвоена постапка поради злоупотреба на положбата. Драгнеа на парламентарните избори кон крајот на 2016 година ги водеше социјалдемократите во надмоќна победа, но мораше да се откаже од кандидатурата за премиерската должност поради споменатите обвиненија.

Владата поради неодамнешната одлука на Уставниот суд мора да предложи граница за износот за финансиските штети кои ги извршиле политички функционери по кои тие стануваат кривични дела. „Таа граница е меѓу причините зашто мораа да го отстранат Гриндеану“, тврди политичкиот аналитичар Кристијан Патраскониу.

Владата на Гриндеану оваа година се обиде да декриминализира низа коруптивни престапи, што предизвика масовни улични протести во Романија, најголеми од падот на комунистичката влада на Николае Чаушеску во 1989 година. Владата беше принудена да ја повлече таа одлука, а министерот за правда Флориан Јордаче да поднесе оставка.