Романтични идеи за појадок на Денот на вљубените

Денот на вљубените е оној ден од годината кога сме екстра разнежнети, романтични, заљубени…ден кога сакаме да ги изненадиме саканите, кога се’ е во црвена боја со срциња и рози.

Но, за многумина мечињата, розите и чоколадите се само клиште, па затоа подгответе нешто од срце и зачинете го со сите ваши емоции.

Утрешниот празник на љубовта почнете го појадок во кревет, со одлично кафе за расонување, тост во форма на срце или чоколадни палачинки со свежи јагоди. Секако, ова  е за оние кои се повешти во кујна, а другите, што вели „родени со две леви раце за готвење“ , доволно е да купите кроасани од блиската пекара, да направите срце од омилениот џем на саканата личности и додаде рози и слатки пораки. Изненадувањето е загарантирано, а  и онака ќе бидете во кревет, па слободно продолжете со славење на љубовта!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.