Ромеро откри на кого ја посвети победата над Холандија

Најзаслужниот за пласманот во финалниот натпревар, репрезентативниот голман на Аргентина, Серхио Ромеро, откри на кого им ја посветува победата во полуфиналниот дуел против селекцијата на Холандија.

Резервниот голман на францускиот прволигаш прво го одбрани уадрот на централниот дефанзивец на Астон Вила, Рон Влар, а потоа излезе како победник и во дуелот со искусниот играч за врска, Весли Снајдер.

„Пеналите се на среќа. Бев подготвен за триумф и се радував кога се беше добро. Ќе уживаме во овој подвиг за пофалба. Победата пред се им ја посветувам на мама и жена ми. Уживајте како досега, овој меч е наш, ќе биде одлично“, изјави Ромеро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.