Ромеро прво ќе ужива, а потоа ќе мисли на Германија

Најзаслужниот за пласманот во финалниот натпревар, репрезентативниот голман на Аргентина, Серхио Ромеро, по натпреварот против Холандија изјави дека сега е време за големо славје, но веќе од следниот ден ќе биде целосно фокусиран на финалниот дуел против селекцијата на Германија.

“Да уживаме во овој историски момент. Време е за големо славје, но од утре, јас, а моите соиграчи, целосно ќе бидеме фокусирани на финалниот дуел против репрезентацијата на Германија. Мора да работиме напорно во следните неколку дена. Многу сум среќен. Среќата е најважната состојка кога се во прашање ударите од белата точка. Верував во себе, верував во моите квалитети. Знам колку се среќни нашите верни фанови, но сега мора да го направиме најважниот чекор во нашата кариера”, изјави голманот на францускиот гигант Монако.