Ромевски: Се случи феномен кој придонесе за катастрофата

Се случи еден феномен кој што придонесе за катастрофата. Во момент на дување на 70 километри на час на ветерот, атмосферската нестабилна маса застана, буквално застана на место и почна да истура огромно количество, буквално една водна бомба на таа територија, изјави Оливер Ромевски, директор на УХМР.

-На Зајчев Рид измеривме 95 литри, а еве го податокот кој што вели дека во Петровец имало само 5 литри. Значи буквално просторот го загради, природата си го направи своето и придонесе до една ваква несакана катастрофа. Подоцна тргна повторно да се извлекува по логичната траекторија, но повторно нелогично се врати назад и тоа беше оној втор бран што се појави после 10 ипол 11 часот кој што придонесе ситуацијата да стане многу полоша, рече Ромевски.

Овој влажен бран, нагласи Ромевски, ќе следи и денеска, повторно во попладневните часови, се работи за многу нестабилна воздушна маса за која никој со точност не може да се прогнозира.