Ромевски за СЈО: Непринципиелно е да бараш правда, а притоа да не ја практикуваш

И денеска едночасовен мирен протест пред СЈО за притисокот врз ТВ Нова преку политичкиот прогон врз сопственикот Сеад Кочан. Оливер Ромевски од ГРОМ, присуствуваше на денешниот протест и СЈО го оцени како вонинституционална творба, надвор од Уставот, создадено со одреден инженеринг од страна на странците.

„Самото негово создавање претставува тотално негирање на сe она што претставува правен систем во Република Македонија“, вели Ромевски.

Според Ромевски, од тоа произлегува да се случуваат работи како случајот Труст и генерално прогонот на медиумите којшто започна веднаш по најавите на претседателот Социјалдемократскиот сојуз, односно оној момент кога ја даде онаа изјава дека во медиумите гледа непријатели.

„Овој притисок кој сега се прави од СЈО врз ТВ Нова, а посебно врз сопственикот, врз прилично лизгави докази, колку што сум запознаен, затоа што во мојата едукација имав доста допирни точки со правото и со меѓународното право… Непринципиелно е да бараш правда, а притоа правдата да не ја практикуваш. Тоа мислам дека е основното начело коешто сега се прекршува, а особено кога тоа се прави од една институција којашто гледаме дека е буквално на стаклени нозе“, изјави Ромевски.

„Ниту обвинувањата се издржани, ниту се правно поткрепени, ниту имаме сериозен пристап. Немаме едно експертско јадро во таа институција, туку имаме нафрлани ситуации секој да си ја заврши таа работа којашто некој ја нарачал“, додаде Ромевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.