Ромите славеа на плоштадот „Магнолија“ во Битола

Препознатливи по нивната песна и игра денеска на плоштадот „Магнолија“ Ромите си го одбележаа денот, потсетувајќи се на историјата, минатото и сегашноста.

Џевдет Џелоски, од невладината организација „Ромска ѕвезда“, вели дека приоритет е зголемувањето на бројот на образовани Роми, но и вработени.

Џеловски рече дека дискриминацијата постои и таа не е насочена само кон Ромите, но таа би ја  снемало доколку луѓето се сакаат и почитуваат меѓу себе бидејќи сите сме исти под сонцето.

На 8ми април 1971 година во Лондон почна Првиот конгрес на Роми кој траел три дена. Овој ден од страна на ОН  е прогласен за Светски ден на овој народ од индоеврпоско потекло, од областа Пенџаб, кој нема матична држава и е раселен насекаде низ светот.
На Конгресот е верификувано името на припадниците на овој народ, усвоено е ромското сино-зелено знаме кое се состои од сина и зелена боја што го претставуваат небото и земјата. На средината на знамето се наоѓа тркало, црвена чакра, кое ја претставува миграцијата на Ромите, а песната „Ѓелем Ѓелем“ е прогласена за ромска химна.
Денес во светот има 12 милиони Роми, иако според некои тврдења овој број се однесува само за Европа. Според пописот во 2002 година во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2.66 проценти од вкупното население, но според ромските невладини организации, таа бројка е речиси двојно поголема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.