среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 18

Ромни еден од „посилните кандидати“ за иден американски државен секретар

Поранешниот републикански претседателски кандидат, Мит Ромни, и еден од најострите критичари на Доналд Трамп, меѓу републиканците во САД, е еден од „посилните кандидати“ за иден државен секретар на САД.

ромни

Поврзани вести

Избраниот потретседател Мајк Пенс за американските медиуми потврди дека Ромни се сретнал со Трамп во Њу Џерси и дека на средбата се разговарало и за улогата на Ромни во идната админстрација.

Пенс рекол дека Ромни е еден од кандидатите за шеф на Стејт департментот, но засега нема никакви други коментари околу средбата во Њу Џерси.

Во кусата изјава за новинарите, по разговорите во голф комплексот Бадминстер, Ромни само рекол дека со Трамп имал „широко опфатни разговори“.

Мит Ромни, кој на претседателските избори во 2012 година загуби од Барак Обама, кој тогаш го освои својот втор мандат, остро се противеше на номинирањето на Трамп за кандидат на републиканците за годинешниве избори.

Ромни тврдеше дека Трамп нема ниту темпаремент, а ниту расудување за да биде номиниран и да биде претседател на САД, инсистирајќи дека неговиот избор нема да и донесе просперитет и иднина на Америка.

Трамп во текот на својата кампања го прикажуваше Ромни како „пропаднат политичар“, како политички „артист“, и како најслабиот претседателски кандидат што го понудила Републиканската партија.

Американските медиуми сметаат дека Ромни како државен секретар нема да биде далеку од конзервативизмот на идната администрација, на што досега инсистираше Доналд Трамп.

Весниците потсетуваат дека Ромни во минатото има давано изјави за Русија кои се „потврди“ од сегашните јавно изнесени позиции на Трамп кон оваа земја.

Како други кандидати за шеф на американската дипломатија и натаму се споменуваат уште и Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, и Њут Гингрич, некогашен спикер на Конгресот.

Најчитани вести