Ромски медијатор во образованието ќе помага за поголема посетеност во наставата во Штип

Во општина Штип се одржа информативна средба за имплементација на проектот „Институционализирање на ромски образовни медијатори“. Станува збор за проект кој ќе овозможи ангажирање на лице задолжено за контакт со семејствата на учејниците од Ромската заедница, училиштата и општината, со цел успешно справување на прашањата за едукација на Ромите.

Како резултат на два проектни циклуса, се покажало дека ромските образовни медијатори се успешна алатка со која се овозможува поголем упис на деца-Роми во образованието, со цел намалување на стапката на напуштање од обраозванието.

„Јас сум еден од медијаторите кој работел во овој проект, и можам да кажам дека истиот има ефект. Со постоењето на образовниот Ромски медијатор, се воспоставува поблиска врска со оваа заедница, така што полесно се одвива процесот на идентификување на децата-Роми кои не одат научилиште. Паралелно со тоа, се овозможува едукација за важноста на образовниот процес“, вели Ирфан Мартез од Националниот Ромски центар, кој го спроведува проектот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.