Роналдињо и Флуминенсе ја прекинаа соработката

Роналдињо и Флуминенсе ја прекинаа соработката

Тој инсистираше на камбек во Бразил по авантурата во мексиканскиот прволигаш Куеретаро, но во Флуминенсе не беа задоволни од неговите настапи, откако на деветте средби за клубот тој не реализираше ниту еден гол, ниту пак асистенција.

Флуминенсе го објавува прекинот на договорот со Роналдињо, пријателски и со обострана согласност на двете страни. Фудбалерот од првиот момент се однесуваше максимално професионално и со почит кон сите во клубот, работеше напорно и на тренинзите. Со неговиот трансфер покажавме дека се уште можеме да привлечеме врвни фудбалери во нашиот клуб. За жал, соработката се прекинува, но ние му посакуваме на Роналдињо многу среќа во иднина, се вели во клупското соопштение на Флуминенсе.

Останува енигма следната дестинација на Роналдињо, можеби и бразилскиот ас ќе тргне по стапките на неколку европски ѕвезди и ќе заигра во МЛС лигата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.