Роналдињо стави крај на играчката кариера

Своевремено најдобриот фудбалер на светот, сега 38-годишниот Роналдињо Гаучо, донесе одлука да ја заврши играчката кариера.

Бразилецоте претходно објави дека сака да најде уште еден клуб пред крајот на 2018 година, но се предомислил. Официјален натпревар нема одиграно од 2015 година, кога беше член бразилски Флуминезе.

„Заврши со фудбалот. Сега сакаме да направиме нешто убаво по Светското првенство, проштална турнеја од Бразил преку Европа до Азија, межеби во август“, изјави за бразилското издание Globo неговиот брат и менаџер Роберто де Асис Мореира.

Роналдињо кариерата ја започна во Гремио, а потoа беше играч на Пари Сен Жермен од каде што мина во редовите на Барселона. Во периодот од 2003 до 2008 годна со каталонскиот гигант освои две титули првак на Шпанија и во Лигата на шампионите, а во 2005 година беше прогласен за најдобар фудбалер на светот. Роналдињо играше уште и за Милан, за бразилски Атлетико Минеиро, за мексикански Кверетаро и на крајот повторно се врати во Бразил во Флуминезе.

Во дресот на бразилската селекција одиграл 97 натпревари на коишто постигнал 33 голови, а со „селекао“ ја освои светската титула во 2002 година во Јужна Кореја и Јапонија.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.