Роналдо: Ди Мариа ја заслужи 7-ката во Манчестер

Најдобриот фудбалер во Европа и во светот, Кристијано Роналдо, изјави дека му пожелува среќа на Анхел Ди Марија на „Олд Трафорд“.

Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина се пресели од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед за 60 милиони фунти, што е рекорд во англиското фудбалско првенство.

„Тоа е добро за Анхел, Манчестер Јунајтед е меѓу нанјквалитетните клубови на светот. Ќе бидат одлични заедно и муму пожелувам среќа. Тој го заслужува тоа, бидејќи е врвен фудбалер“, вели Португалецот.

Роналдо и беше дел од составот на славниот клуб и постигна одлични успеси со тимот.

„Седумката на Јунајтед носи одговорност, како и да е, тој ќе биде одличен“, заклучи искусниот Роналдо.