Спорт

Роналдо доби статуа во своето родно место

Роналдо доби статуа во своето родно место

Кристијано Роналдо се врати во своето родно место Фуншал, на островот Мадеира за да ја открие неговата статуа висока 3,4 метри.

“Ова е навистина посебен ден за мене, да се има статуа е навистина нешто специјално”, изјави 29-годишниот напаѓач.

Статуата е дел од личниот музеј на Роналдо, во кој има сувенири и награди од неговата кариера, вклучувајќи ги и неговите две „Златни топки“, доделени за најдобар играч во светот за годините 2008-ма и 2013-та година.

ronaldo statua2

“Роналдо никогаш не ги заборави своите корени”, изјави неговата мајка Долорес Авеиро.

Фудбалерот на Реал Мадрид, кој во саботата го крена пехарот наменет за светскиот клупски првак и оваа година е најголем фаворит за освојување на “Златната топка”.