Магазин

„Роналдо е солиден љубовник, иако малку плашлив“

„Роналдо е солиден љубовник, иако малку плашлив“

По прекинот на врската на Кристијано Роналдо со Ирина Шаек, во медиумите се проширија шпекулации дека фудбалерот многу време минува со згодната Чилеанка и поранешна зајачица на „Плејбој“, Даниела Чавез.

На некои портали се појави веста дека Роналдо токму поради Чавез ја оставил Ирина и дека тоа го потврдила и самата „зајачица“. Инаку, во морето шпекулации за причините за прекинот на врската пишуваше и дека Роналдо ја изневерувал Ирина со десетици жени.

Мексиканскиот таблоид „Реформа“ објави дека Чавез изјавила оти Роналдо го привлекло тоа што „никогаш порано не спиел со „Плејбој“ зајачица“.

– Го запознав Кристијано во ноември 2014 во САД. Дотогаш комунициравме преку и-мејл и Скајп. Јас сакав само да го исполнам мојот сон и да имам секс со него. Многу го сакам неговото тело. Исто така и тој ме посакуваше мене, но тоа не смееше да го покаже, вели таа.

Од друга страна, за други таблоиди Чавез изјави дека Роналдо „на почетокот бил многу страмежлив, но кога стекнал самодоверба станал солиден љубовник, иако малку плашлив“.