Роналдо го елиминира Атлетико (М) но доби запалка во глава

Со стил, со нова победа од 2:0, но сега на „Винсенте Калдерон”, фудбалерите на Реал (М) обезбедија пласман во финалниот натпревар од годинашното издание на Купот на Шпанија.

Најзаслужен за новата победа над градскиот ривал Атлетико (М) е португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо кој двата удара од белата точка ги претвори во сигурен погодок.

На крајот од првото полувреме, на патот кон соблекувалната, Роналдо беше погоден со запалка во глава но тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти потврди дека се е во ред со Португалецот и дека не станува збор за некаква сериозна повреда.

„Беше погоден со запалка, но се е во ред со Роналдо. Не станува збор за некаква потешка повреда. Одлично се чуствува. Нема да сокријам дека трофејот во Ккупот на Шпанија е на последно место кога се во прашање пехарите кои сакаме да ги освоиме во актуелната сезона. Нормално дека пред Купот на Шпанија е Лигата на шампиони и шпанската Примера дивизион”, изјави трофејниот италијански стручњак.