Роналдо го напушти друштвото на Пушкаш како најдобар репрезентативен стрелец во Европа

Во средата против Мароко капитенот на португалската репрезенатација Кристијано Роналдо го постигна четвртиот гол на ова Светско првенство, откако во првото коло постигна хет-трик во ремито 3:3 против Шпанија, и во моментов е водечки на листата на стрелците.

Исто така, Роналдо со овој гол стана стана осамен на врвот од листата европски стрелци во репрезентативните настапи.

Ова му беше 85-ти гол во дресот на Португалија, со што се одвои од легендарниот Унгарец Ференц Пушкаш окој 84 пати бил стрелец за селекцијата на својата земја.