Роналдо го пофали Атлетико (М) и му најави пораз

И покрај незгодната повреда кој ја заработи на последниот првенствен дуел против Ваљадолид, најголемата ѕвезда во дресот на Реал (М), Кристијано Роналдо потврди дека ќе биде во комбинација за финалниот натпревар од Лигата на шампиони и додаде дека неговиот тим ќе има тешка задача, ќе мора да слави во дуелот со фантастичниот тим на Атлетико (М).

„Ќе играме против еден фантастичен тим. Во финалните натпревари нема фаворит, шансите се 50-50. Свесни сме дека Атлетико (М) е максимално незгоден противник, тим составен од фантастични фудбалери. Посакувам еден вистински спектакл, натпревар кој долго ќе се памети поради победата на Реал (М). Колку се добри покажува фактот дека се лидери во шпанската Примера дивизион. Убаво е чуството кога знаеш дека два шпански клуба ќе играат во финалниот натпревар од Лигата на шампионите и дека Севиља е финалист во Лигата на Европа. Го срушив рекордот по бројот на постигнати погодоци во Лигата на шампионите, но сега сакам да славам во ова натпреварување, да постигнам погодок во Лисабон. Сепак, најважно од се е Реал (М) да слави во финалниот натпревар”, изјави португалскиот интернационалец.