Роналдо и Португалија подобри од Меси и Аргентина

Кристијано Роналдо со победа се врати на “својот” Олд Трафорд.

Португалија ја совлада Аргентина со минимални со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Гереро во втората минута од судиското надополнување, откако по еден центаршут на Кварезма со глава ја затресе мрежата на противникот.

Инаку ова беше 27-ми дуел помеѓу главните звезди на двете репрезентации, Меси и Роналдо кои настапија само во едно полувреме.

Иако Аргентина беше подобар противник и создаде повеќе шанси, сепак Португалија славеше, а мечот го одбележа враќањето на најдобриот фудбалер во светот во моментов на „Олд Трафорд“, стадион на кој стана еден од најдобрите.