Роналдо: Играв со страв

Најголемата ѕвезда во дресот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони против Баерн Минхен го одигра под очекуваното ниво, но по натпреварот португалскиот интернационалец откри дека не се чуствувал многу добро, дека играл со страв.

“Ќе бидам искрен, ќе кажам дека играв со страв. Не се чуствував како што сакам. Се вратив на зелениот терен по паузата од три недели. Имаше такви кои сакаа јас да играм против Баерн Минхен, но имаше и такви кои не сакаа јас да играм против Баерн Минхен. Јас добро се чуствував пред натпреварот и мислам дека ќе бидам 100% подготвен за следните натпревари. 1:0 е добар резултат, имаме убава предност и ако постигнеме еден погодок на реванш дуелот во Минхен, тогаш ќе бидеме многу блиску до финалниот натпревар. Очекувам тензичен натпревар во Германија, имаме мала предност но ќе видиме дали истата е доволна за да го елиминираме Баерн Минхен, изјави Роналдо.