Роналдо ја мерка мрежата на Гана

Во многу полоша ситуација се преостанатите две репрезентации кои се натпреваруваат во групата “Г”, Португалија и Гана.

И двете репрезентации имаат обврска да слават во меѓусебниот дуел, но и евентуалната победа може да се покаже како пирова доколку другиот натпревар во групата “Г”, пресметката помеѓу репрезентациите на САД и Германија заврши без победник.

“Најважно од се е ние да бидеме целосно фокусирани на нашиот натпревар, на дуелот против Гана. Искрено, за мене не е важно како ќе заврши дуелот помеѓу САД и Германија. Не сакам да се замарам со тие теории на завера, дека тој натпревар ќе заврши нерешено. Гана е противник кој заслужува максимален респект, а тоа го покажаа на претходниот натпревар. И се спротиставија на Германија, малку фалеше да ги освојат сите три бода. Ова е вистинскиот момент да го покажеме нашето вистинско лице. Прво да ги освоиме трите бода, потоа ќе видиме дали истите се доволни за пласман во следната рунда”, изјави селекторот на Португалија, Пауло Бенто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.