Роналдо: Меси е веќе фудбалска легенда

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Луис Назарио да Лима Роналдо, е убеден дека најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси ќе биде запаметен како легендарен фудбалер и без да ја освои титулата Светски шампион.

“Да, Меси може да ја освои титулата Светски шампион. Меси е далеку од пензија, има само 26 години. Во фудбалската историја има многу фудбалери кои не ја освоиле светската круна, а се дефинирани како големи легенди. Нормално дека светската титула има големо влијание врз статусот на фудбалерот, но и без тој трофеј, фудбалерот може да биде запаметен како еден од најдобрите на сите времиња. Добро го познавам Меси, го знам од времето кога играше заедно со Роналдињо. Дињо немаше лош збор за Меси, постојано збореше дека Меси е спектакуларен фудбалер, а знаеме каде е место на Роналдињо кога е во прашање фудбалската игра. Меси е од друга класа, не е мала работа, четри пати по ред да ја освојуваш “Златната Топка”, изјави Роналдо.