Роналдо најдобар во Европа

Одличниот Португалец Кристијано Роналдо е прогласен за најдобриот фудбалер на Стариот континент за натпреварувачката кампања 2013/2014.

Фудбалскиот репрезентативец на Португалија го заслужи признанието на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради својот придонес во Реал Мадрид.

„Среќен сум, со тоа што и колегите ми овозможија да се израдувам на оваа награда, со нив индивидуалните признанија се подобри“, вели Роналдо.

Асот на мадриѓаните се закити со наградата при извлекувањето групите за Лигата на шампионите.

Роналдо со тимот од „Сантијаго Бернабе“ го прослави насловот во елитното натпреварување од Стариот континент, со тоа што на 11 натпревари постигна 17 погодоци.

Благодарение на својот одличен ефект искусниот Португалец ја освои и Златната топка за најдобар фудбалер во светот за сезоната.