Роналдо најдобар во Примера

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во Примера за сезоната 2013/2014.Наградата почна да се доделува во сезоната 2008/2009, а досега сите шест признанија ги доби Лионел Меси. Роналдо минатата сезона на 30 лигашки натпревари постигна 31 гол.

-Морам да се заблагодарам на соиграчите, на Реал, на семејството, ова е убав момент во мојата кариера, изјави Роналдо кој притоа додаде:

-За мене најважно е да добивам тимски награди, но и овие поединечните ми се допаѓаат. Работам напорно секој ден на тренинзите за да успеам и освојам што е можно повеќе награди, вели Португалецот.

Инаку, голот на Роналдо против Валенсија во 36.коло од минатата сезона е прогласен за најдобар.

Очекувано, Диего Симеоне е прогласен за најдобар тренер со оглед на тоа дека ја освои шампионската титула со Атлетико Мадрид. Кејлор Навас, голманот на Реал Мадрид, кој минатата сезона брилираше на голот на Леванте е прогласен за најдобар, Серхио Рамос ја доби наградата за дефанзивец на сезоната. Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ е прогласен за најдобар дефанзивец играч за врска, додека Иниеста за најдобар офанзивен.