Роналдо најголема опасност за СА

Голема борба и неизвеснот до последниот судиски свиреж се очекува и на вториот натпревар од второто коло во групата “Г”, дуелот помеѓу репрезентациите на САД и Португалија.

Кристијано Роналдо и неговата дружина немаа друга опција на располагање освен да победат и на тој начин да останат во игра за едно од двете места кои водат во 1/8 финалната рунда.

Репрезентативците на САД ќе бидат задоволни и доколку натпреварот заврши без победник, но со победа, избраниците на Јирген Клинсман и математички ќе си осигураат пласман во следната елиминациска рунда.

“Знам дека Португалија е во една многу тешка ситуација. Знам дека се многу разочарани после убедливиот пораз од 4:0. Сега се на колена, но нема така лесно да се предадат. Сега ќе им биде уште потешко, мораат по секоја цена да забележат позитивен резултат. Сепак, сите ние сме дел од еден фудбалски мундијал, а тука се е можно. И мојот тим има реални шанси да забележи позитивен резултат, да обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда. Се што знам е дека ние имаме три бода и дека можеме и мораме да одиграме подобро во дуелот против Португалија”, изјави селекторот на САД, Јирген Клинсман.

Дуелот помеѓу Португалија и САД стартува во 00:00 часот.