Магазин

Роналдо нарача сопствена восочна фигура

Роналдо нарача сопствена восочна фигура

Кристијано Роналдо е воодушевен од неговата восочна фигура која се наоѓа во музејот во Мадрид. Затоа Роналдо нарача изработка на идентична восочна фигура која ќе стои во неговиот дом.

За фигурата да биде поуверлива, Роналдо го испрати својот нов дрес и најновите копачки, а на негово директно барање фризурата не смее да се менува!

Роналдо нарача сопствена восочна фигура
Роналдо нарача сопствена восочна фигура

Таа мора да биде иста како на примерокот во музејот во Мадрид. На тој примерок вметнувавме влакно по влакно, а потоа дојде фризерот на Роналдо и ја скрати косата за да биде идентична, вели уметникот Мајкл Вејд.

Токму Вејд е задолжен за изработка на новиот восочен фудбалер. Инаку, досега постојат две восочни фигури на португалскиот играч. Едната е во неговиот роден Фуншал, а другата е во Мадрид.

Третата фигура ќе го краси домот на фудбалерот во вилата во Шпанија, а ѕвездата на „Реал“ за изработка на оваа восочна фигура ќе мора да плати околу 30.000 евра.

 

Инаку ова е само уште една од луксузните работи што Роналдо во последно време ги купи. Тој пред неколку недели купи луксузен апартман во Њујорк. Повеќе за ова на следниот линк.