Роналдо: „Не се враќам во фудбалот “

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдо демантираше дека ќе се врати во фудбалот како што наговести во јануари.

Бразилецот тогаш рече дека сака да заигра за клубот Лодердејл, чиј е косопственик.

Мееѓутоа, Роналдо на Твитер негираше дека има намера да се врати на теренот.

Истакнува дека приказната околу неговото враќање не е точна и дека доаѓа од твитерџиите, пренесува ЕСПН.

Бразилецот во јануари за американскиот весник „Спорт Илустрејтед“ рече дека би сакал да одигра неколку мечеви за Форт Лодердејл „Страјкерс“.

„Тоа е потполно нов предизвик за мене, сигурен сум дека така ќе помогнам на тимот и на американската лига“, рече тогаш Роналдо.

Бразилскиот ас минатата година купи десет отсто од акциите на тој американски второлигаш, фудбалски клуб од Флорида.